ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ

ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ

ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ

По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1992 г., кратко време работи како продуцент во Вардар филм. Од 1995 г. до ден-денес работи во Кинотеката. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор на Кинотека на Македонија, која во моментов ја извршува. Од 2018 г. е именуван за директор на Кинотека на Република Северна Македонија.

На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во период од 1948 г. до 1953 г. Врз основа на елаборатот за заштита на овој фонд, Кинотеката на Македонија ги изработува заштитните филмски копии на овие филмови.

Во текот на својата професионална кариера, Ангелов соработува со различни партнери на повеќе проекти, како „Фотографијата и филмот на почвата на Македонија“, дел од проектот Историја на макро културата во Македонија, во издание на Македонската академија на науките, и „Трајче Попов“, во издание на Кинотека на Република Северна Македонија. По соработката со Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Скопскиот филмски фестивал, Ангелов беше поканет како член на жирито и на Watch Out Film Festival во 2016 година, како и на првиот филмски проект. Од 1995 година Ангелов објавува и пишува за „Кинопис“. Бидејќи е одговорен за филмската програма во киното на Кинотеката, Ангелов пишува едиторијали за месечната брошура на кинотеката.