ВЛАДА – изложба на фотографии

08-11-2019
in Category: Придружна Програма
ВЛАДА – изложба на фотографии

ВЛАДА – изложба на фотографии

Изложбата на фотографии на Горанка Матиќ, посветена на Влада Дивљан


8.11. 21:00 МКЦ

Изложбата на фотографии на Горанка Матиќ под наслов „ВЛАДА“, посветена на Влада Дивљан, официјално ќе биде отворена на 8.11. во рамки на фестивалот CINEDAYS.

Фотографиите се направени во различни фази од животот на Влада Дивљан: од периодот на првиот албум на „Идоли“, првиот белградски концерт во СКЦ, концертот во култниот „Кулушиќ“ во Загреб, Дом Омладине Белград, проби и фотографии од секојдневието на овој легендарен уметник.
Изложбата ја следи кариерата на Влада Дивљан заклучно со неговата работа и настапи со OLD STARS BAND.
Исто така, ќе бидат изложени и портрети што авторката ги направила во 80-те години на минатиот век.
Изложбата ќе биде поставена во Галерија МКЦ и ќе биде достапна за посетителите до 16 ноември.

Авторката Горанка Матиќ, инаку, дипломира Историја на Уметност на Филозофскиот факултет во Белград.
Членка на фото секцијата УЛУПУДУС, а од 1980 година и професионално се занимава со фотографија.
Има објавувано фотографии во „Џубокс“, „Старт“, „Политика“, „Дело“ и многу други списанија.
Од 1990 до 2006 работи како уредничка на фотографија во неделникот „Време“.
Од 2006 до 2010 работи како уредничка во дневниот лист „Политика“.
Од 2007 до 2015 работи како уредничка на фотографии во РТС.

За жал, нема да биде во можност да присуствува на отворањето на изложбата во Скопје, за среќа причината поради која не е во можност да дојде е прекрасна, а тоа е дека секојдневно се грижи за својата 99 годишна мајка.