ВЕРИЦА НЕДЕСКА

ВЕРИЦА НЕДЕСКА

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на Официјална Селекција
2006 0
ВЕРИЦА НЕДЕСКА

Верица Недеска е филмска и театарска актерка. Дипломирала во 2001 година, на Факултетот за драмски уметности, отсек Актерска игра, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 2012 година се запишува на магистерски студии по сценарио на престижниот ФАМУ во Прага. Во нејзиното театарско творештво, остварува поважни соработки со еминентни режисери како Слободан Унковски, Владимир Милчин, Иван Поповски, Никита Миливојевиќ, Зоја Бузалковска, Деан Дамјановски, и во филмската уметност со режисери како Дамјан Козоле, Рајко Грлиќ, Иво Трајков, Вит Панцир и др. Таа е учесник на неколку работилници за сценарио на Филмскиот фестивал во Трст, Симпозиумот „Писателите за Европа“, Амстердам и Мидпоинт. Таа се јавува и како режисерка на две од четирите нејзини авторски сценарија, „Домашна работа“ и „Растење“. Нејзиниот краток филм „Прекршување на круговите“ ја добива Специјалната награда од Жири на Monaco Charity Film Festival, во 2012, а нејзиното четврто сценарио „Само за губитници“, е исто така филмувано.