Увид во процесот на кастинг

13-11-2019
in Category: Придружна Програма
Увид во процесот на кастинг

Увид во процесот на кастинг

Сања Дракулиќ (CEO на Duart European Actors Platform)


13.11. 13:00 МКЦ

Работејќи како кастинг-директор научив многу работи за позицијата на актерот во индустријата. Од зад камерата гледате подобро и ги откривате вистината, стравот и недоразбирањето меѓу колегите.

Важно е да се има увид однатре, за да знаете како подобро да го сторите тоа. Пристапот, однесувањето, преговарањето, се деловни, а не актерски вештини, и исто така е важно да ги научите.

Ќе зборуваме за техничкиот дел од процесот на кастинг, за вашите први впечатоци и пристапот кон процесот, за однесувањето за време на снимањето и потоа. Како да кажете работи за себе, а да не звучите самобендисано, и пристапот кон индустријата општо. Не учиме актерство и талент, туку како да се презентирате, меки вештини специфични за филмската индустрија и алатките што може да ни помогнат да бидеме подобри.