THE NOTWIST

13-11-2019
in Category: cinEmusic
THE NOTWIST

THE NOTWIST

13.11. 23:00 МКЦ

Нотвист се германски инди-рок бенд. Основан во 1989 година, бендот поминува низ неколку музички инкарнации, притоа успевајќи да одржи релативно стабилна постава. Додека раните албуми им се движат од хеви метал до дарк инди-рок, поновите изданија со кои привлекуваат најмногу внимание се главно под влијание на електронската сцена, како и другите изведувачи на продуцентската куќа Morr Music.

Браќата Ахер и Месершмид го основаат бендот во 1989 година во Вајлхајм во Горна Баварија, во близина на Минхен. Во 1990 година го снимаат својот деби албум „The Notwist“, LP со гранџ-метал елементи. Во 1992 година излегува вториот албум „Nook“, кој има инди-рок звук, додека пак албумот „12“ од 1995 година претставува нивни прв флерт со електронската музика. Во 1997 година Мартин Гретшман се придружува на бендот. „Shrink“, објавен во 1998 година, е џез-електро-рок албум. Албумот „Neon Golden“ од 2002 година ги става на мапата на американската публика со својот искрен сентимент и звук, кој е повеќе ориентиран кон поп музиката.

Месершмит го напушта бендот во 2007 година и на негово место доаѓа Анди Хаберл. Шестиот студиски албум на бендот „The Devil, You + Me“, во Европа излегува во мај 2008 година, а еден месец подоцна излегува и во Северна Америка за Domino Records.

Во 2009 година, Нотивист го снимаат „Storm“, саундтракот на истоимениот филм во режија на Ханс-Кристијан Шмид. Кон крајот на 2012 година, започнаа да свират песни од новиот албум на турнеја. Албумот „Close to the Glass“ излегува на 24 февруари 2014 година под Sub Pop Records.

Во 2014 година Мартин Гретшман ја напушта групата.

Во јануари 2015 година албумот „Close to the Glass“ беше номиниран за наградата IMPALA’s European Independent Album of the Year.