The Mauskovic Dance Band

The Mauskovic Dance Band

ноември 13, 2018
во Категорија: 13.11. (вторник), cinedays2018, cinEmusic
3743 13
The Mauskovic Dance Band

13. 11. | 23:00 | МКЦ Скопје

За бендов најевројатно никогаш не сте слушнале, доаѓаат од Холандијa, се викаат Mаuskovic Dance Band и гостуваат за прв пат во Скопје заедно да го прославиме денот на ослободувањето на градот, 13 ноември!

Влезот за овој концерт е СЛОБОДЕН

The Mauskovic Dance Band е проект на амстердамскиот продуцент и музичар Nicola Mauskovic. Во период на преполн распоред свирејќи на тапани за разни бендови, Nicola сепак најде време да започне студиски експерименти коишто на крајот ќе доведат до неколку синглови, издадени за швајцарската Bongo Joe Records во 2017 годинапод името The Mauskovic Dance Band.
По ова, со помош на долгогодишните соработници Doni Mauskovic (вокал, клавијатури, ефекти), Em Nix Mauskovic (гитара, синтисајзер, перкусии) и Mano Mauskovic (бас-гитара) го прави преминот од плоча на сцена. Набрзо, бендот ќе го привлече вниманието на легендарниот андерграунд продуцент, Juan Hundred, кој ќе го напушти својот дом на Карипските острови за да ги придружува на тапани.
Бидејќи секој член на бендот има различно потекло, групата црпи инспирација од разни жанрови: главно африканско-колумбиски стилови како чампета, паленке, кумбија и пико културата, како и од афро-диското и no-wave сцените во нивната моментална база Амстердам.
Градското жариште од андерграунд продуценти му има дадено и електро жичка на бендот, со vintage драм машини и синтисајзери кои лесно се мешаат со афро-латино ритмите и вештите гитарски рифови за да создадат современ звук збогатен со културолошки влијанија.
Целта на Mauskovic Dance Band е една, а тоа е да ги натераат луѓето на нивните концерти да танцуваат.