Темната страна на дигиталната технологија

09-11-2019
in Category: Придружна Програма
Темната страна на дигиталната технологија

Темната страна на дигиталната технологија

Темната страна на дигиталната технологија, Петар Котевски (основач на KAMAI media и Македонската асоцијација за развивање на игри MAGDA)


9.11. 12:00 МКЦ

Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони,  конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусија што ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ на 9 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на фестивалот за европски филм „CINEDAYS“. Дискусијата е дел од проектот „Видеоигротека“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје. Пред проекцијата на данскиот тинејџерски филм „Хакер“ ќе се одржи дискусија на оваа тема под менторство на Петар Котевски, основач на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА во чии рамки посебно внимание ќе се посвети на најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија. Во рамките на дискусијата ќе бидат отворени прашањата за насилство, ризик и потенцијална опасност на интернет и дигиталните медиуми, како и зависноста од интернет, дигитална технологија и виртуелна зависност.

Петар Котевски, основач и developer на КАМАј МЕДИА (kamaikamai.com) и основач на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА

Петар работи во индустријата за видео игри од 2000 година. Работел на игри како Far Cry (PC), 50Cent: Bulletproof (PS2/XBOX), Halo 3 (XBOX360), Halo 3:ODST (XBOX360) and Halo:Reach (XBOX360), Destiny (Сите платформи). Во текот на својата кариера, тој работел како програмер, менаџер на програмери, дизајнер и генерален менаџер. Неговата специјалност се Кодна архитектура, Анимации, Вештачка Интелигенција и Гејмплеј. Моментално е ангажиран во бришење на линијата помеѓу филмовите и видео игрите со проектот „Сондер“ кој што го развива КАМАј МЕДИА. КАМАј МЕДИА е мала група составена од ветерани за развој на игри, како и ентузијасти, формирана во 2011 година. Оттогаш работат на развивање на технологија која овозможува нелинеарен наратив базиран на играчот, како и „сондер.“, производ чија идеја и дизајн ја инспирираа технологијата.