ТЕХНИКИ НА СНИМАЊЕ АУДИЦИИ И ФИЛМОВИ

ТЕХНИКИ НА СНИМАЊЕ АУДИЦИИ И ФИЛМОВИ

ноември 18, 2017
во Категорија: 18.11. (сабота), cinedays2017, Придружна Програма
1760 2
ТЕХНИКИ НА СНИМАЊЕ АУДИЦИИ И ФИЛМОВИ
18. 11. | 10:00 | МКЦ

Ненси Бишоп е американска кастинг директорка, која работи од Лондон и Прага. Има одбрано таленти за споредни улоги за стотина проекти, меѓу кои и: „Невозможна мисија 4“, „Борновиот идентитет“ и „Ледокршач“. Неодамна работеше и на „Офелија“, со Наоми Вотс, Клајв Овен и Дејзи Ридли во главните улоги. Исто така има работено и со Метју Вајнер („Момците од Менхетн“) на неговата нова серија „Романови“. Основач е на актерската програма за филм на Прашката филмска школа и е автор на две книги, од кои втората е насловена како „Аудиција за филм и телевизија“. Таа е основач и раководител на лондонскиот огранок на Американското здружение за кастинг и членка на Академијата Еми, Европската филмска академија и Британската академија за филм.

На ова еднодневно предавање, (на англиски јазик) сите учесници ќе имаат можност да ги применат своите вештини за самостојно снимање за аудиции, што претставува клучен дел од процесот на меѓународниот кастинг. Актерите ќе одберат од селекција сцени и однапред ќе се снимат самите. На предавањето, Ненси ќе им даде свое мислење за сите сцени. По ова ќе следат специјални вежби што Ненси ги има развиено за усовршување на стратегии за аудиции, вклучувајќи техники на „студено читање“, и препознавање на избори и цели на нов текст.

Пријавување на contact@cinedays.com.mk
* Бројот на учесници е строго ограничен

  • предавањето е бесплатно

*Ненси работи според упатствата за обука на Американското здружение за кастинг. Ве молиме земете предвид дека Ненси Бишоп ќе ги одбере учесниците за ова предавање строго според вашиот тековен материјал, вклучувајќи ги вашето CV и фотографија. Ова предавање има исклучиво наставна природа и нашето прифаќање за ваше учество на ниту еден начин и во ниедни околности не значи каков било реципроцитет помеѓу нас, сега или во иднина, ниту пак нашето прифаќање за ваше учество нема да влијае врз вашата способност во иднина да обезбедите аудиција на проекти на кои ќе работиме.