СУНЧИЦА УНЕВСКА

СУНЧИЦА УНЕВСКА

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на Филмска критика
1862 0
СУНЧИЦА УНЕВСКА

Сунчица Уневска е новинарка и филмска критичарка, која има работено во дневниот печат „Утрински весник“, во новинската агенција „Макпрес“, во неделникот „Пулс“, во електронското списание „Блесок“, а соработувала и во австриското списание „Шпрингерин“ и бугарското „Кино“. Моментално работи во „Слободен печат“.
Последниве дваесет години е постојан известувач од филмските фестивали низ светот. Таа е претставник на Македонија во Асоцијацијата на филмски критичари при меѓународната федерација „Фипресци“ и како член на жирито на критиката има партиципирано на повеќе фестивали во Европа и во светот.