Sinchi Collective + PMG Tanz Digital event

09-11-2019
in Category: cinEmusic
Sinchi Collective + PMG Tanz Digital event

Sinchi Collective + PMG Tanz Digital event

9.11. 23:00 МКЦ

Интересен настан што ја одржува фината линија на музичка соработка меѓу Амстердам и Скопје. Sinchi Collective е реномирана амстердамска (холандска) дискографска куќа/колектив, круцијален чинител на тамошната андерграунд музичка култура. Негуваат модерен електронски звук, а нашите Barum Barum веќе имаат едно супер успешно издание за нив. Нашиот нов PMG Tanz Digital лејбл ја продлабочува соработката преку овој настан во рамките на Фестивалот на европски филм CINEDAYS, на кој заеднички носиме еден од најталентираните амстердамски диџеи Josef van Galen, резидент на еден од есенцијалните тамошни клубови „Pin Up“. Тој ќе се претстави со хибриден диџеј сет, додека нашите Barum Barum ќе отсвират во живо. Програмата ќе ја надополни диџеј сет на стариот добар Мирко Попов.