Сеќавање на ЕКВ, Деца из Воде + Жика Тодоровиќ

Сеќавање на ЕКВ, Деца из Воде + Жика Тодоровиќ

ноември 16, 2018
во Категорија: 16.11. (петок), cinedays2018, cinEmusic
3775 14
Сеќавање на ЕКВ, Деца из Воде + Жика Тодоровиќ

16. 11. | 23:00 | МКЦ Скопје

По повод 60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ (1958, Загреб) ве покануваме на мултимедијална програма под насловот „Сеќавање на Милан и ЕКВ“ кој го приготвува проект бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ.
После повеќе од две децении на бина во Скопје ќе настапи легендарниот Жика, оригинален тапанар во ЕКВ и ќе одсвири дел од програмата на овој преокт бенд.
Тој беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со ЕКВ сними два албума – „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како Земља, Круг, Срце, Љубав, Пар година за нас, Поред мене, 7 дана… доминираа на топ листите, а тој период се смета за најуспешниот период на ЕКВ. Огромен продонес за тој успех донесе и Жика со својот уникатен стил на свирење.
Пред тоа има настапувано во Дисциплина Кичме, а пред „Дисциплина“ има свирено во неколку белградски бендови во периодот на „новиот бран“.
После ЕКВ, забележува и времени соработки со Партибрејкерс, Електрични Оргазам, Казна за Уши, а подоцна комплетно се посветува на актерството и добива улоги во познати филмови и серии. После пауза од повеќе од две децении прилика да го видиме, слушнеме и поздравиме Жика во Скопје.

Деца из воде е ЕКВ проект бенд создаден пред три години во Белград со идеја концертно да го одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, ЕКВ и нивниот музички опус. Бендот го сочинуваат Зоран Младеновиќ, Луна Шкопеља, Лазар Остојиќ и Никола Рајовиќ. Сите членови на бендот се искусни и врвни музичари вклучени во разни други бендови, а во овој проект ги спои заедничката пасија кон ЕКВ. На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест студиски албуми на ЕКВ, како и нивното деби како Катарина II и двата најголеми хита од периодот на Милан во Шарло Акробата.

Пред концертот во Даниснг Сала МКЦ ќе се прикаже филмот Дечак из Воде.
Краток филм снимен во 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ. Филмот хронолошки ги следи животот и кариерата на Милан, а проникнат е со песните ЕКВ, Шарло Акробата и проектите Римтутитуки и Ејнџлс брет. Изграден е од перспектива на еден млад музичар што е роден по смртта на Милан и ги сака ЕКВ и преку соговорниците истражува кој бил Милан Младеновиќ и какви биле општеството и околностите во времето кога творел, а завршува со заклучокот каков белег имаат оставено неговите дела денес.
Како соговорници во филмот се појавуваат Зоран Костиќ (Партибрејкерс), Душан Којиќ Која (ШарлоАкробата, Дисциплина Кичме), Иван Ранковиќ Рака (тапанар на ЕКВ 1985-1987), Александар Жикиќ (автор на биографијата „Место во меќава: Приказна за Милан Младеновиќ“), Горанка Мариќ (фотограф) и други познати личности и музичари, а анкетирани се и обични граѓани.

Билети во претпродажба по цена од 250 денари преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница МКЦ.
На ден на концерт, цена на билет ќе изнесува 350 денари.