САРА ФЕРРО

САРА ФЕРРО

САРА ФЕРРО

Сара Ферро е магистранд по продукција на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, Скопје и дипломирано лице по комуникации и односи со јавноста на Високата школа за новинарство и односи со јавноста во Скопје. Во изминатите 7 години работи во здружението за промоција на документаристика и интернационалниот фестивал за креативен документарен филм „МакеДокс“. Во рамки на активностите на „МакеДокс“, таа е дел од тимот за односи со јавноста и социјални медиуми, како и координаторка на програмата за филмска индустрија на фестивалот, школата за млади документаристи „Докуникулци“ и активностите на Патувачкото кино.

Од 2017 година ја води и продукцијата ППФП преку која работи на неколку креативни документарни проекти.