САЊА ДРАКУЛИЌ

07-11-2019
in Category: Жири на СинеБалкан
САЊА ДРАКУЛИЌ

САЊА ДРАКУЛИЌ

Актерка, кастинг директорка и извршен директор на Duart European Actors Platform, прва дигитална кастинг платформа во регионот. Работела во одделот за кастинг на ТВ серијата „Темната кула“ (Amazon Prime), филмовите „Ибица“ (Netflix), „Ангел чувар“ и „Чамец за спасување“, а како актерка имала мала улога во ТВ серијата на BBC „Мек Мафија“. Како основач таа обезбедила учество на Duart на Веб самитот во Лисабон во 2017 година како еден од ветувачките стартапи во светот, но и на други големи ИТ конференции. До крајот на оваа година ќе излезе нова верзија на платформата Durart, ќе се смени слоганот и ќе се додадат многу нови функции и делови, како што се објави за работни позиции и можности за аплицирање, и дел за Вести од индустријата. Базата на податоци станува отворена за сите филмски сектори: од шминка и костуми, до продукции и постпродукции. Таа сè уште се надева дека ќе снима филмови како актерка и дека ќе направи свој соло-театарски перформанс.