САМА НА МОЈАТА СВАДБА

САМА НА МОЈАТА СВАДБА

ноември 10, 2018
во Категорија: 10.11. (сабота), cinedays2018, Официјална Селекција
3807 13
САМА НА МОЈАТА СВАДБА

ALONE AT MY WEDDING
SEULE A MON MARIAGE
Marta Bergman

10. 11. | 21:00 | кино Фросина

Времетраење / Runtime: 121’
Држава / Country: Белгија / Belgium
Јазик / Language: Француски, романски / French, Romanian
Премиера / Release Date: 10 мај 2018 (Франција) / 10 May 2018 (France) – Cannes Film Festival

Режија / Director: Marta Bergman
Сценарио / Writers: Marta Bergman, Laurent Brandenbourger
Продуцент / Produced by: Jean-Yves Roubin, Cassandre Warnauts
Музика / Music by: Vlaicu Golcea
Продукција / Production Company: Frakas Productions, Avenue B Productions, Zélila Films
Кинематографер / Cinematography by: Jonathan Ricquebourg
Монтажа / Film Editing by: Frédéric Fichefet
Улоги / Cast: Alina Serban, Tom Vermeir, Marian Samu, Rebecca Anghel, Viorica Rudareasa, Jonas Bloquet, Achille Ridolfi, Karin Tanghe, Lara Persain

Безочна, спонтана, духовита. Младата Ромка Памела е поинаква од другите девојки во нејзината заедница. Таа е самохрана мајка и живее со својата баба и ќеркичката во една мала колипка, каде што сите три спијат во ист кревет. Како може да ги усклади потребите на нејзината двегодишна ќерка со нејзиниот сон за слобода? Памела започнува патување во непознатото, бегајќи од традициите што ја гушат. „Lapin, pizza, amour“. Сѐ што има се трите збора што ги знае на француски и надежта дека бракот ќе ги промени нејзината и судбината на ќерка ѝ.

Фестивали и награди / Festivals and awards:
Cannes Film Festival; Warsaw Film Festival