Повик за работилница за филмска критика за средношколци

Повик за работилница за филмска критика за средношколци

ноември 6, 2018
во Категорија: cinedays2018, Вести
1844 0
Повик за работилница за филмска критика за средношколци

Почитувани,

Гледај.мк објавува повик за работилница за филмска критика за средношколци.

Уживаш во гледањето филмови и често ги споделуваш своите ставови со друштвото? Се прашуваш како подобро да аргументираш зошто одреден филм е лош избор за петок вечер? Или можеби сакаш да ги убедиш другар(к)ите дека твојот омилен филм треба да го гледаат барем 3 пати? Ако одговори „да“ на овие прашања, имаме одлични вести за тебе! Во соработка со нашите пријатели од Критичен Камп од Белград, организираме бесплатна викенд работилница за филмска критика, наменета за средношколци (14-18 години). Работилницата ќе се одржи на 17. и 18. ноември во Џебното кино во МКЦ, во склоп на Фестивалот на европски филм CINEDAYS 2018. Работен јазик на работилницата е англиски.

Што би добил/а доколку учествуваш на работилницата?
Развивање на вештините за критичко мислење и креативно пишување, според методологијата на Критичен Камп.
Директно менторирање за пишување на филмска критика.
Бесплатен влез на неколку филмови од програмата на CINEDAYS 2018.
Објавување на напишаните филмски критики на gledaj.mkc.mk
Дружење со останатите учесници-вљубеници во филмот.
Можност подобро да се запознаеш со тимот на Гледај.мк и нашите активности.

Што ќе се очекува од тебе?
Учество на целата работилница и предвидените групни гледања филмови на CINEDAYS 2018.
Пишување на филмски критики.

Повикот е отворен до 12:00 ч. на 10 ноември, а избраните учесници ќе бидат контактирани на 14 ноември. Сите логистички детали како и детална агенда за работилницата ќе бидат споделени со избраните учесници.

За повеќе информации, контактирајте не на: gledaj@mkc.mk

Пријавете се овде.