ЛИЛИЈАН

ЛИЛИЈАН

LILLIAN
Andreas Horvath

Лилијан, емигрантка во Њујорк на која ѝ истекува визата, решава да се врати пеш до родната Русија. Решително тргнува на долгото патување. Патувачки филм низ цела САД до студените температури на Алјаска. Хроника за едно бавно исчезнување...
А СЕГА, НЕШТО СОСЕМА ПОИНАКВО

А СЕГА, НЕШТО СОСЕМА ПОИНАКВО

AND NOW FOR SOMETHING COMPLETELY DIFFERENT
Ian MacNaughton

„А сега, нешто сосема поинакво“ е британски скеч-комедија филм заснован на хумористичната тв-серија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ и ги содржи омилените скечеви од првите две сезони...
ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА

ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА

THE GOLDEN GLOVE
Fatih Akin

Областа Сент Паули во Хамбург во седумдесеттите години на минатиот век е населба позната по ноќниот живот и нејзините ноќни фигури: пијаници и проститутки, коцкари и разни други осамени души...
И ПОКРАЈ МАГЛАТА

И ПОКРАЈ МАГЛАТА

DESPITE THE FOG
Goran Paskaljevic

Една дождлива вечер, Паоло, сопственик на ресторан во мало гратче во близина на Рим, се враќа дома од работа. По пат среќава дете стуткано на студот на автобуска станица и решава да го земе дома...
КУБАНСКАТА ПЕТОРКА

КУБАНСКАТА ПЕТОРКА

WASP NETWORK
Olivier Assayas

Хавана, декември 1990 година. Рене Гонзалес, кубански пилот, краде авион и бега од земјата, оставајќи ги зад себе саканата сопруга и ќерката. Тој започнува нов живот во Мајами, а набрзо му се придружуваат други кубански дисиденти, и сите заедно работат кон дестабилизација на режимот на Кастро...
СИРОПИТАЛИШТЕТО

СИРОПИТАЛИШТЕТО

THE ORPHANAGE
Shahrbanoo Sadat

Во доцните осумдесетти години на минатиот век, петнаесетгодишниот Кодрат живее на улиците на Кабул и продава кинобилети на црно. Голем обожавател на Боливуд е и секојдневно се замислува себеси во некои од неговите омилени филмски сцени.
ХАКЕР

ХАКЕР

HACKER
Poul Berg

Филмот раскажува за тринаесетгодишниот талентиран хакер Бенјамин, кој открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред години, како што му било кажано...
МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО – ДВОЈНА БЕЉА

МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО – ДВОЈНА БЕЉА

DOUBLE TROUBLE AND THE MAGICAL MIRROR
Marcus H. Rosenmuller

Фридо е весело дете и како и повеќето деца на негова возраст, малку мрзелив на училиште. Еден ден, за време на посетата на градскиот панаѓур, ќе наиде на магично огледало. Со помош на магија ќе создаде свој двојник...
СОНОТ НА КАТРИНА

СОНОТ НА КАТРИНА

KATRINA’S DREAM
Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger

Катрина сака да има деца, но нејзиното момче Луис не сака. Таа се вљубува во неговиот најдобар пријател Рон, кој станува мажот на нејзиниот живот. Една вечер, враќајќи се пијани од една роденденска забава...
МИЛОСТ БОЖЈА

МИЛОСТ БОЖЈА

BY THE GRACE OF GOD
Francois Ozon

Александре живее со сопругата и децата во Лион. Еден ден случајно открива дека свештеникот што го злоупотребувал како момче, сѐ уште работи со млади луѓе. Одамна потиснатите сеќавања излегуваат на површина...