КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

WHERE ARE YOU, JOÃO GILBERTO?
Georges Gachot

Филмот ги следи стапките на германскиот писател Марк Фишер, кој опсесивно трага по легендарниот основач на жанрот боса нова, бразилскиот музичар Жоао Жилберто, кој со децении не бил виден во јавност...
ПИЈАВИЦИ

ПИЈАВИЦИ

LEECHES
Dragan Marinkovic

Филмот опфаќа периодот меѓу 1996 и 2000 година, односно четири од десетината ужасни години за Србија на крајот на дваесеттиот век. Главниот лик е писателот Петар Мириќ, човек чиишто идеали за слобода, чесност, моралност и правдина, значително се разликуваат од начинот на живот во Србија под Милошевиќ...
ЕЛЕКТРИЧЕН ОРГАЗАМ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

ЕЛЕКТРИЧЕН ОРГАЗАМ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

ELECTRIC ORGASM FOR FUTURE GENERATIONS
Marija Vukic

Следејќи го бендот Електрични оргазам на нивната прекуокеанска турнеја во летото 2018 година, сликаме портрет на еден од најпопуларните и најдолговечни рок бендови на просторите на поранешна Југославија...
СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

MONTY PYTHON’S THE MEANING OF LIFE
Terry Jones, Terry Gilliam

„Смислата на животот“ е скеч-филм поврзан како студија за опасноста и апсурдноста на човековото постоење – опис што не опишува доволно колку филмот е всушност смешен...
ДОЖДЛИВ ДЕН ВО ЊУЈОРК

ДОЖДЛИВ ДЕН ВО ЊУЈОРК

A RAINY DAY IN NEW YORK
Woody Allen

Новата романтична комедија на Вуди Ален ја раскажува приказната за двајца студенти, Гетсби и Ешли, чијшто викенд во Њујорк воопшто нема да се одвива според планот. Дождот ќе подготви низа неочекувани средби и забавни авантури за обајцата...
ШТО КРИЕ ДОЖДОТ

ШТО КРИЕ ДОЖДОТ

WHAT THE RAIN HIDES
Sergej Sarchevski

По преселбата во странство, надежен студент се соочува со осаменост и со предизвикот да се снајде емотивно и професионално во една голема светска метропола...
КУЌАТА НА АГА

КУЌАТА НА АГА

AGA’S HOUSE
Lendita Zeqiraj

Деветгодишниот Ага живее со мајка му и четири други жени на зафрленa планинска локација во Косово. Ага се обидува да заработи со продажба на цигари, но главна цел му е да продолжи да го бара исчезнатиот татко...
ЖИТИЕТО НА БРАЈАН

ЖИТИЕТО НА БРАЈАН

MONTY PYTHON’S LIFE OF BRIAN
Terry Jones

Брајан Коен е обичен млад Евреин, но преку низа смешни настани добива репутација на Месија. Кога не ги избегнува своите следбеници или не се расправа со неговата крескава мајка, несреќниот Брајан е принуден да се спротивстави на расипаниот Понтиј Пилат...
МОНТИ ПАЈТОН И СВЕТИОТ ГРАЛ

МОНТИ ПАЈТОН И СВЕТИОТ ГРАЛ

MONTY PYTHON AND THE HOLY GRAIL
Terry Gilliam, Terry Jones

Хумористична сатира на тешкиот живот во Средниот век раскажана преку приказната за кралот Артур и врамена од современа истрага за убиство. Кога легендарниот крал на Британците тргнува со своите витези во потрага по Светиот грал, се соочуваат со разни ужаси...
СВИРКАЧИТЕ

СВИРКАЧИТЕ

THE WHISTLERS
Corneliu Porumboiu

Кристи, романски полицаец, кој е свиркач за мафијата, ќе оди на островот Ла Гомера за да научи древен свиркачки јазик. Во Романија е под постојан полициски надзор и со помош на овој кодиран јазик ќе може да продолжи да комуницира со мафијашите за да го извлече Золт од затвор...