ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ: ГО СРЕТНАВ ХРАБРИОТ БАЛКАН

ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ: ГО СРЕТНАВ ХРАБРИОТ БАЛКАН

ноември 15, 2018
во Категорија: 15.11. (четврток), cinedays2018, Придружна Програма
1912 0
ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ: ГО СРЕТНАВ ХРАБРИОТ БАЛКАН
15. 11. | 18:00 | МКЦ

ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ: ГО СРЕТНАВ ХРАБРИОТ БАЛКАН

Во духот на CINEDAYS и програмската посветеност кон промовирање дела од модерната Балканска кинематографија, отвореното предавање ќе се фокусира на важноста на интегритетот, храбриот уметнички пристап на младите автори и можностите што ги нуди современата кинематографија во регионот. Предавањето ќе се одржи на 15 ноември (четврток).

Маша Сеничиќ (1990) има завршено Драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што потоа ги завршува и магистерските студии по Теорија на драмски уметности и медиуми со тезата „La jeunesse désaffectée во српскиот филм: 2010-2015“. Има учествувано на разни меѓународни проекти и интердисциплинарни работилници, додека креативно придонесува на бројни фестивали, меѓу другото и како еден од составувачите на програмата на Brave Balkans (фестивал на авторски филм). Таа е една од основачите и програмски координатор на Филмкултура, здружение за едукација и аудиовизуелна култура, кое е активно на полето на неформални едукативни практики уште од 2013 г. (најважни проекти досега им се Мини филм и Критичен камп). Во 2015 г., Сеничиќ ја освои наградата Mladi Dis, за нејзината прва поетска збирка, а нејзините литературни дела се печатени во регионални магазини и антологии. Во 2016 г. се запиша на докторски студии (ФДУ Белград), каде што сега работи на теоретски и артистички истражувања во дигиталните хуманитарни науки. Живее во Белград, Србија, и работи како уредничка, новинар и писателка.

Дуња Нешовиќ (1994) – има дипломирано Филм и Тв-продукција и во моментов е на магистерски студии по Теорија на драмски уметности и медиуми на Факултетот за драмски уметности во Белград. Има искуство како активист за човекови права, што влијае врз нејзината феминистичка ориентација во филмската теорија. Исто така, ја интересира проучувањето на дијалектиката на реалноста и аудиовизуелните уметности и медиуми. Во моментов е активна со проектите Критичен камп (работилница за филмска критика за средношколци) и Лансирање (настани со теми од вселената), кои се различни по природа, но успеваат да го доловат спектарот на нејзините интереси. Таа беше член на жирито на Merlinka Film Festival во 2017 г.