ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА

ноември 6, 2017
во Категорија: cinedays2017, Вести
1516 2
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА: ТЕХНИКИ НА СНИМАЊЕ АУДИЦИИ И ФИЛМОВИ
Работилницата ќе ја води Ненси Бишоп, американска кастинг директорка

На ова еднодневно предавање/работилница (на англиски јазик) сите учесници ќе имаат можност да ги применат своите вештини за самостојно снимање за аудиции, што претставува клучен дел од процесот на меѓународниот кастинг. Актерите ќе одберат од селекција сцени и однапред ќе се снимат самите. На предавањето, Ненси ќе им даде свое мислење за сите сцени. По ова ќе следат специјални вежби што Ненси ги има развиено за усовршување на стратегии за аудиции, вклучувајќи техники на „студено читање“, и препознавање на избори и цели на нов текст.

Од актерите ќе биде потребно (најдоцна до 10 ноември) да достават своја куса биографија, фотографија, да ја наведат возраста, како и да дадат мислење за возраста на ликовите што сметаат дека можат да ги играат (age playing range).
Пријавување на contact@cinedays.com.mk
* Бројот на учесници е строго ограничен

Учеството на работилницата е бесплатно.

*Ненси работи според упатствата за обука на Американското здружение за кастинг. Ве молиме земете предвид дека Ненси Бишоп ќе ги одбере учесниците за ова предавање строго според вашиот тековен материјал, вклучувајќи ги вашето CV и фотографија. Ова предавање има исклучиво наставна природа и нашето прифаќање за ваше учество на ниту еден начин и во ниедни околности не значи каков било реципроцитет помеѓу нас, сега или во иднина, ниту пак нашето прифаќање за ваше учество нема да влијае врз вашата способност во иднина да обезбедите аудиција на проекти на кои ќе работиме.