БРИГИТА МАНТАЈ

БРИГИТА МАНТАЈ

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на Официјална Селекција
1848 0
БРИГИТА МАНТАЈ

Бригита Мантај својата експертиза во кариерата ја разви како советник за финансирање филмови во Medienboard Berlin-Brandenburg, главната финансиска институција во регионот на Берлин. Таа е одговорна за проценка на националните и меѓународните филмски проекти во поглед на финансирање, со посебен фокус на проектите од Јужна, Централна и Источна Европа. Нејзината професионална одговорност ги опфаќа членството во Фондацијата New German Film Board, Германското министерство за култура и медиуми и како назначен експерт за транснационалната мрежа EUREKA и Европската продуцентска мрежа на работилници EAVE. Како овластен консултант за сценарија и предавач во Германија и во странство, Бригита Мантај исто така била дел од национални и интернационални филмски жирија. Меѓу нејзините публикации е и широко прифатениот меѓународен стандард за читателска критика.

Има завршено магистерски студии во САД по Американска литература, Филм и театарски науки.