НАТАША ПЕТРОВИЌ

07-11-2019
in Category: Жири на СинеБалкан
НАТАША ПЕТРОВИЌ

НАТАША ПЕТРОВИЌ

Наташа Петровиќ е родена во Штип 1988 година, каде што завршува основно и средно образование. Дипломира на катедрата за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2011 година. За време на своите студии, во 2010 година, станува дел од основачкиот тим на „Театра“. Во моментов работи во Театарот за деца и младинци во Скопје, а од 2016 година е дел од основачкиот тимот на „Артопија“, здружение за културни активности.

Во својата кариера има играно во повеќе филмови меѓу кои: „Сенки“, „До балчак“, „Како да ме нема“, „Лазар“, „Еликсир“, „Соба со пијано“, „Сведок, „Ќе дојдат децата“ и „Тајни од минатото“. Во 2018/2019 година е дел од актерската екипа на ТВ-серијата „Премин“, германско-австриска копродукција.

Добитничка е на повеќе награди меѓу кои најистакнати се: наградата Shooting Star како дел од програмата на Берлинскиот филмски фестивал, за најдобар млад актер во Европа (2011), наградата за Најдобра споредна женска улога на Мостарскиот филмски фестивал (2016), наградата за Најдобра меѓународна актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Сиетл (2011) и наградата за Најдобро актерско остварување на Меѓународниот филмски фестивал End of Pier во Велика Британија (2011).