НАСМЕВКА

НАСМЕВКА

ноември 11, 2018
во Категорија: 11.11. (недела), cinedays2018, Eye on films
3879 13
НАСМЕВКА

SMILE
Steffen Kohn

11. 11. | 20:00 | Џебно кино

Времетраење / Runtime: 81’
Држава / Country: Германија / Germany
Режија / Director: Steffen Kohn

Деветнаесетгодишната Мерцедес нема некакви поголеми цели во животот, освен тоа што има еден голем сон: да оди на легендарниот музички фестивал Хајман. Таму, таа не е единствената што трага по пријателства и искуства што ќе ѝ го променат животот. Исто така сака да го запознае и Бој, диџеј со кого комуницира преку Фејсбук. Откако ќе пристигне на фестивалот, набрзо открива дека Бој веќе присуствува на тајна бекстејџ забава, каде што ќе пушта музика – забава за која е потребна златна алка за влез… Кога еден вработен на фестивалот облечен како Фаун ѝ нуди една од сеприсутните таблети на среќата, Мерцедес најпосле ги прифаќа правилата на играта.