НАРАЦИЈА

НАРАЦИЈА

ноември 15, 2017
во Категорија: 15.11. (среда), cinedays2017, Придружна Програма
1399 0
НАРАЦИЈА
15. 11. | 13:00 | ФДУ

Саваш Арслан е професор на Факултетот за филмски уметности при Универзитетот Бахчешехир, Истанбул. Покрај тоа што има напишано бројни статии за филм, уметност и култура за повеќе весници, списанија и антологии, има објавено и три дела: „Филмот во Турција: Нова критичка историја“, „Медиумите, културата и идентитетот во Европа“ и „Мелодрама“.

„Нарација: Како може да изградиме цврсти наративи за филмови?“

Проф. Саваш Арслан
Универзитет Бахчешехир, Истанбул

Комуницираме преку раскажување приказни. Наративите се од суштинска важност за нашите секојдневни разговори или за пренесување каква било порака. Оваа работилница најпрво ќе нѐ запознае со начините на кои создаваме наративи преку различни медиуми, а потоа своето внимание ќе го сврти кон основните елементи за нарацијата во филмовите. Во неа ќе опфатиме повеќе теми меѓу кои и: временско и географско поставување на приказната, структура и видови наративи, како и воведи и теми за приказни.