МОМЧЕТО ОД ВОДАТА

МОМЧЕТО ОД ВОДАТА

ноември 16, 2018
во Категорија: 16.11. (петок), cinedays2018, Музички документарни филмови
3769 13
МОМЧЕТО ОД ВОДАТА

BOY FROM THE WATER
DEČAK IZ VODE

Marko Novčić

16. 11. | 23:00 | МКЦ

Времетраење / Runtime: 25’
Држава / Country: Србија / Serbia
Јазик / Language: Српски / Serbian

Режија / Director: Marko Novčić
Продукција / Production Company: Prva TV (Serbia)
Улоги / Cast: Aleksandar Žikić, Zoran Kostić Cane, Dušan Kojić Koja, Nikola Vranjković, Ivan Ranković Raka, Zlatomir Gajić, Vladimir Nišević, Marko Šelić Marčelo

Краток филм снимен во 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ. Филмот хронолошки ги следи животот и кариерата на Милан, а проникнат е со песните ЕКВ, Шарло Акробата и проектите Римтутитуки и Ејнџлс брет. Изграден е од перспектива на еден млад музичар што е роден по смртта на Милан и ги сака ЕКВ и преку соговорниците истражува кој бил Милан Младеновиќ и какви биле општеството и околностите во времето кога творел, а завршува со заклучокот каков белег имаат оставено неговите дела денес. Како соговорници во филмот се појавуваат Зоран Костиќ (Партибрејкерс), Душан Којиќ Која (Шарло Акробата, Дисциплина Кичме), Иван Ранковиќ Рака (тапанар на ЕКВ 1985-1987), Александар Жикиќ (автор на биографијата „Место во меќава: Приказна за Милан Младеновиќ“), Горанка Мариќ (фотограф) и други познати личности и музичари, а анкетирани се и обични граѓани.