МАРИЈАНА ГАИВАО

МАРИЈАНА ГАИВАО

МАРИЈАНА ГАИВАО

Маријана Гаивао кариерата ја започнала како филмски монтажер, работејќи на филмови прикажувани и наградувани низ светот, на фестивали како Кан, Берлин, Венеција и Локарно. Нејзиниот прв краткометражен филм „Соло“ добива повеќе награди, меѓу кои и наградата за Најдобар меѓународен краткометражен филм на FNC – Festival du Nouveau Cinema во Монтреал, по што беше избран да учествува на Berlinale Talents како филм од млад талентиран режисер. Потоа учествува со „Прва светлина“ на 42. Du Nouveau Cinema Festival, а неодамна го прикажа и нејзиниот нов краткометражен филм „Руби“, кој ја освои наградата за Најдобра режија на 27 Curtas Vila do Conde – International Film Festival. Во моментов го снима својот прв долгометражен документарен филм, кој е германско-португалска копродукција.

Исто така е и програмски селектор на Queer Lisboa – Queer International Film Festival, има предавано режија на Lisbon’s School of Innovation and Creation Technologies, била член на жири на разни национални и меѓународни филмски фестивали, како и советник за финансирање на филмови во Португалскиот институт за филм.