МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО – ДВОЈНА БЕЉА

09-11-2019
in Category: Детска програма
МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО – ДВОЈНА БЕЉА

МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО – ДВОЈНА БЕЉА

DOUBLE TROUBLE AND THE MAGICAL MIRROR
UNHEIMLICH PERFEKTE FREUNDE

Marcus H. Rosenmuller


9.11. 11:00 кино Фросина
Држава / Country: Германија / Germany
Режија / Director: Marcus H. Rosenmuller
Времетраење / Runtime: 92’

Фридо е весело дете и како и повеќето деца на негова возраст, малку мрзелив на училиште. Еден ден, за време на посетата на градскиот панаѓур, ќе наиде на магично огледало. Со помош на магија ќе создаде свој двојник, кој е совршен во сè што Фридо не е. Со помош на двојникот, кој е многу добар ученик, Фридо се ослободува од сè повеќе обврски. На почетокот, сето тоа му е толку многу забавно што дури му ја кажува својата тајна на најдобриот другар Емил, сè додека не дознаат сите соученици и решаваат да направат сопствени двојници. Никој повеќе не оди на училиште, па откачените двојници почнуваат да доминираат. Оригиналните деца почнуваат да сфаќаат дека им недостасува стариот живот и одлучуваат да ги преземат работите во свои раце така што ќе постават стапица, која ќе ги натера двојниците со тек на време да се вратат во огледалото.