КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК

КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК

ноември 11, 2018
во Категорија: 11.11. (недела), 12.11. (понеделник), cinedays2018, Гала Премиера
4231 16
КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК

THE HOUSE THAT JACK BUILT
Lars von Trier

11. 11. | 22:30 | кино Милениум
12. 11. | 17:30 | кино Милениум

Времетраење / Runtime: 155’
Држава / Country: Данска, Франција, Германија, Шведска / Denmark, France, Germany, Sweden
Јазик / Language: Англиски / English
Премиера / Release Date: 14 мај 2018 (Франција) / 14 May 2018 (France) – Cannes Film Festival

Режија / Director: Lars von Trier
Сценарио / Writers: Lars von Trier
Продуцент / Produced by: Louise Vesth
Музика / Music by: Victor Reyes
Продукција / Production Company: Zentropa Entertainments, Film i Väst, Copenhagen Film Fund, Slot Machine
Кинематограф/ Cinematography by: Manuel Alberto Claro
Монтажа / Film Editing by: Molly Marlene Stensgaard
Улоги / Cast: Matt Dillon, Uma Thurman, Bruno Ganz, Siobhan Fallon Hogan, Sofie Gråbøl, Riley Keough, Jeremy Davies

САД во 1970-тите. Го следиме високо интелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

Фестивали и награди / Festivals and awards:
Cannes Film Festival; New Horizons Film Festival; Baltic Pearl Film Festival; CPH PIX; Zurich Film Festival; Vancouver International Film Festival; Monster Fest