КУЈТИМ ЧАШКУ

07-11-2019
in Category: Жири на СинеБалкан
КУЈТИМ ЧАШКУ

КУЈТИМ ЧАШКУ

Албански режисер и сценарист, кој има освоено бројни награди на меѓународни филмски фестивали, вклучувајќи ја Наградата од филмските критичари на Bastia Mediterranean Film Festival во 1996 година и УНЕСКО наградата на Venice Film Festival во 1998 за „Полковник бункер“, Наградата за најдобро сценарио, FIRESCI наградата и Сребрена пирамида на Cairo International Film Festival во 2005 година, Бронзена палма на Valencia Festival of Mediterranean Cinema за „Волшебно око“ и наградата CEI на Trieste Film Festival за неговата „храбра посветеност на развојот на албанскиот филм“. Основач е и директор на Филмската школа за филм и мултимедија „Маруби“, Тирана, првиот филмски универзитет во Албанија, како и раководител на OraFilm, првата албанска компанија за филмска продукција, и основач и организатор на првиот албански Human Rights Film Festival (IHRFFA).