Крупен план на филмските фестивали во Македонија

Крупен план на филмските фестивали во Македонија

Крупен план на филмските фестивали во Македонија
12-13. 11. | 10:00 | МКЦ

МЕДИА Деск МК Форум

Крупен план на филмските фестивали во Македонија, детален поглед во минатото и перспективите.
Има ли начини да ја оствариме целосно визијата на еден фестивал? Дали треба публиката да ја бараме или таа да нѐ бара нас? Може ли секој сам? Можеби можеме и заедно? Како изгледа фестивал поддржан од Креативна Европа МЕДИА? Имаат ли и другите фестивали слични проблеми? Што сѐ може да значи меѓуфестивалска соработка?

Единствено со анализа во крупен план ќе ги добиеме одговорите на прашањата, ќе ги видиме и најситните лузни и брчки и ќе пробаме да ги заздравиме. МЕДИА Деск Македонија во рамките на 17-от филмски фестивал „CINEDAYS“ организира форум на кој ги собира сите македонски филмски фестивали на едно место. Од некаде треба да се продолжи, кога веќе сме решиле да почнеме.

Бистра Георгиева
Раководител на Креативна Европа – МЕДИА Деск МК