КРИСТИНА ЛЕЛОВАЦ

КРИСТИНА ЛЕЛОВАЦ

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на студентска програма
2046 0
КРИСТИНА ЛЕЛОВАЦ

Кристина Леловац е актерка и доцент по актерска игра на УКИМ Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што е и докторант на отсекот Театрологија. Нејзино поле на интерес е професионалната подготовка на актерите, но и промислувањето на изведувачките пракси во контекст на (современите) политички реалности. Има настапувано во Македонскиот народен театар, во повеќе независни театарски продукции, како и во филмски и телевизиски проекти. Учествувала на домашни и интернационални фестивали, студиски посети, летни школи и работилници. Член е на неколку активистички иницијативи и основачка и програмска менаџерка на Фестивалот за феминистичка култура, ПРВО ПА ЖЕНСКО.