Фестивалот на европски филм CINEDAYS е основан во 2001 година, на иницијативата на познатиот шпански режисер Педро Алмодовар и почитуванaта политичарка Г-ѓа Вивиен Ридинг, во таа година актуелна како Комисионер за едукација, култура, спорт, млади и медиуми во Европскиот парламент. Нивната единствена идеја била во секој од поголемите европски главни градови да се воспостави недела на славење на европската кинематографија, наречена CINEDAYS. Оттогаш, единствено во Скопје CINEDAYS продолжува да постои и еволуира во филмски фестивал, кој го позиционира нашиот град како главно пристаниште за вистинските филмофили.

Во последните години од постоењето на фестивалот, но и со секое следно издание, CINEDAYS прави сe за да се надмине себеси, но притоа секогаш имајќи на ум еден и единствен идеен концепт, да ? ги овозможи на секогаш гладната публика, најдобрите и најнаградуваните филмови од европските фестивали во тековната година.

Концептот на фестивалската програма се состои од неколку главни програми:
Официјална програма, во која се прикажуваат дебитантски или втори филмски остварувања на млади и амбициозни режисери, за чии имиња допрва ќе се слуша. Во оваа селекција, авторите може да се здобијат со Награда за најдобар филм („Златна ѕвезда“), Награда за најдобра режија („Сребрена ѕвезда“) и Награда за најдобро сценарио („Сина ѕвезда“) доделени од меѓународно жири.
СинеБалкан програма, во која се прикажуваат исто така млади режисери со своите први или втори играни филмови, но фокусот е на автори од балканскиот регион. Филмовите во оваа програма се натпреваруваат за наградата Најдобар филм („Златно сонце“), исто така доделена од меѓународно жири.
ГАЛА програма (надвор од конкуренција), во која се прикажуваат најнаградуваните филмови од најголемите европски фестивали во тековната година, но и филмови од прочуени и европски режисери.
Покрај овие главни програми, CINEDAYS вклучува и програма посветена на музички документарни филмови, кратки филмови, филмови во специјалната програма наречена Земја во фокус, филмови за најмладите како и бројни работилници, предавања и дискусии посветени на темата филм.

CINEDAYS е славење, став, прониклива идеја за борба со реалноста, со филмови што критикуваат, но и ги обземаат нашите мисли. На ниту едно друго место во светот, во одреден момент, луѓето не се пообединети отколку во една кино сала, гледајќи и воздивнувајќи. Токму CINEDAYS ја имаа таа магија.

CINEDAYS Team:

Ruse Arsov, Margarita Arsova, Filip Nikolovski, Vladica Mladenovski – Grga, Kiril Mechalov, Emilija
Chochkova, Kristina Gorovska, Sonja Ismail, Martina Petreska, Ana Zafirova, Vancho Bogoev,Diana
Nikolovska, Goran Krstevski & team, Nenad Trifunovski, Erik Omeragikj, Kiril Donev, Marija Mladenovska
Mitrovska, Jasminka Tancheva, Suzana Klekachkoska Mitrikeska, Stojanka Zerzerva, Sasho Todorovski, Vlado
Stojanovski, Denis Paljos, Djevair Mamuti, Ilcho Krstevski, Jovan Maleski, Daniela Sidorovska, Elizabeta
Smilevska, Jadranka Smilevska, Dijana Angelkovska, Mitko Trajkov, Gjorgi Pokrajchev, Nusret Abdulai
Финансиска поддршка / Financial support: Агенција за филм на РСМ, Град Скопје, Делегација на ЕУ/ Film Agency RNM, City of Skopje, Delegation of the EU
Спонзори / Sponsors: Zlaten Dab, Neotel, Sparkasse Bank

Theatre and Film Arts NATFA Bulgaria, Academy of Performing Arts – Sarajevo, Faculty of Dramatic Arts –
Belgrade, UniversityВо соработка со / In collaboration with: PUBLICIS, Academy of Dramatic Arts – Zagreb, National Academy for
of Arts of Albania, Bahcesehir University Faculty of Communication Istanbul, University of
Nova Gorica – Slovenia, University for Audiovisual Arts ESRA – Skopje, The Aristotle University of
Thessaloniki, Faculty of Dramatic Arts – Skopje, Media desk North Macedonia, FIAPF

www.cinedays.mk
www.kinomilenium.mk

 

Фестивал на европски филм Синедејс

Младински културен центар
кеј Димитар Влахов 15 МК-1000 Скопје
contact@cinedays.com.mk
www.cinedays.mk

CINEDAYS 2019