КОНКУРС ЗА ФИЛМСКА КРИТИКА

КОНКУРС ЗА ФИЛМСКА КРИТИКА

ноември 6, 2017
во Категорија: cinedays2017, Вести
1507 2
КОНКУРС ЗА ФИЛМСКА КРИТИКА

Почитувани,

Како и минатите години, така и оваа година, во рамките на CINEDAYS го објавуваме конкурсот за филмска критика.

Конкурсот е од отворен карактер, а пред сè е наменет нa оние што би сакале да го прикажат својот неоткриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз, а се до 35-годишна возраст.

Текстовите не би требало да се подолги од една страница, односно повеќе од 70-тина реда текст, а секој од пријавените може да испрати максимум до 3 текста.

Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ја додели тричлено жири, а секоја од нив ќе изнесува:

12.000 денари за првонаградената;

9.000 денари за второнаградената, и

6.000 денари за третонаградената критика.

Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот – Официјалната селекција и селекцијата CineBalkan, за чии проекции кандидатите на конкурсот ќе добијат бесплатни влезници.

Бројот на учесници на конкурсот е ограничен.

Можете да се пријавите со испраќање на електронска порака на contact@cinedays.com.mk, најдоцна до 9 ноември 2017 година во 12:00 часот.

Критичко размислување подразбира не само логика, туку и широки интелектуални критериуми, како што се јасност, кредибилитет, точност, прецизност, важност, длабочина, ширина, значење и праведност.
И да додадеме: Нема добра филмска критика без вредносно и образложено расудување, толкување, набљудување и личен лексички печат.