КЈАРА КАТЕРИНА

КЈАРА КАТЕРИНА

КЈАРА КАТЕРИНА

По завршување на студиите по филм на Универзитетот во Рим, Кјара Катерина, родена во јужна Италија во 1983 година, се стекнува со диплома по кинематографија, по што завршува постдипломски студии на Le Fresnoy – Studio National des Arts Contemporains во Лил.

Нејзиниот краток филм „Пред ноќта“ се има прикажувано на 27. European Media Art Festival во Оснабрик, на Ethnographic and documentary Filmfest во Виена, на 30. Hamburg International Short Film Festival, 10. Berwick Film and Media art Festival и на Videoformes 2015 International Festival во Клермон-Феран. Нејзиниот документарен филм „Светот или ништо“ (2017) имаше премиера на 58. Festival dei Popoli и беше прикажан на повеќе фестивали.