Како успешно да го продадете вашиот филм

Како успешно да го продадете вашиот филм

ноември 15, 2018
во Категорија: 15.11. (четврток), cinedays2018, Придружна Програма
1943 0
Како успешно да го продадете вашиот филм
15. 11. | 13:00 | МКЦ

Предавање за дигитална дистрибуција

Веќе одлично ви оди со продукцијата, но не сте сто отсто сигурни како да привлечете публика за вашиот филм.

Квалитетното рекламирање на Интернет отсекогаш било клучно, но во дигиталната ера е поважно од кога било. Наместо да ги придобијат потенцијалните продажни агенти или лицата што изработуваат програми на филмските фестивали, филмаџиите треба да умеат самите да се продадат на социјалните мрежи како Инстаграм, Јутјуб, Твитер и Фејсбук. Без убедлива приказна, никој нема да го погледне вашиот филм.

Обработени теми:

• Градење публика, која ќе се ангажира за вашиот проект уште од самиот почеток
• Алатки за публика – Како да ги користите достапните веб-алатки за да изградите своја фан база
• Краудфандинг – Што треба и што не треба да правите
• Заработка: Достапни платформи: Нетфликс, Амазон прајм, Ајтјунс – Вимео он дименд и Јутјуб криејтор студиос, што се ППВ, АВОД, СВОД? И колку може да очекувате да заработите од секоја платформа.

За Коби Шели:

Коби Шели, основач на „Гобуз“, креативна агенција, која нуди глобални дигитални маркетинг услуги и целосна видео продукција. Во текот на изминатите осум години, Шели има водено стотици онлајн промотивни кампањи за компании како Дејлимоушн, Дистрифај, Сид енд Спарк.

Коби има режирано и продуцирано повеќе документарни филмови, музички спотови и кратки филмови. Во 2008 г., неговиот документарец „МекХЕДС“ беше емитуван на Ен-Би-Си, стана бр. 1 документарец по гледаност на Ајтјунс, Амазон и Хулу и беше откупен од страна на Нетфликс.