Како да реализирате филмски проект?

Како да реализирате филмски проект?

ноември 16, 2018
во Категорија: 16.11. (петок), cinedays2018, Придружна Програма
2002 0
Како да реализирате филмски проект?
16. 11. | 13:00 | МКЦ

Предавање на Бригита Мантеј

Пазарот на филмската индустрија е ориентиран кон нови идеи и постојано е во потрага по следната извонредна приказна и проект. Вие можеби ја имате таа приказна или проект, но за да ги заинтересирате вистинските партнери, мора да ја знаете вистинската насока и процедурите.
Бригита Мантеј ги истакнува најпосакуваните вештини за успешна реализација на замислен проект. Продуценти, филмаџии, режисери и сценаристи ќе добијат концизен увид во потребните презентациски вештини за презентација на замислен проект на индивидуален состанок, презентација на сцена или преку писмена апликација.