КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

WHERE ARE YOU, JOÃO GILBERTO?

Georges Gachot


14.11. 17:00 кино Фросина

Времетраење / Runtime:
107’

Држава / Country:
Швајцарија, Франција, Германија / Switzerland, France, Germany

Режија / Director:
Georges Gachot


Филмот ги следи стапките на германскиот писател Марк Фишер, кој опсесивно трага по легендарниот основач на жанрот боса нова, бразилскиот музичар Жоао Жилберто, кој со децении не бил виден во јавност. Фишер своето патешествие го опишал во книгата „Хобалала“, но извршил самоубиство една недела пред да излезе во печат. Преземајќи ја мисијата на Марк Фишер, следејќи ги неговите чекори еден по еден, благодарение на трагите што ни ги има оставено, го следиме Жоао Жилберто за да ги сфатиме историјата, душата и суштината на боса новата. Но кој може да знае дали ќе го запознаеме или не?