ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД САМИР ЉУМА

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД САМИР ЉУМА

ноември 7, 2018
во Категорија: 8.11. (четврток), cinedays2018, Вести
1893 1
ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД САМИР ЉУМА

На самото отворање на CINEDAYS, „ФИЛМ“ – изложба на фотографии од Самир Љума.
Од 8-ми до 18-ти ноември.

Со фотографија почнал да се занимава сосема случајно, како што и ја направил фотографијата за постерот за „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. И тоа му е прва од низа фотки од снимања каде што работел ангажмани од волонтер, до асистент на камера, до клапер, до директор на фотографија, до продуцент, па сега веќе и до извршен продуцент.

Работел во Еквадор со Кирил Поп Христов, и во Македонија со Лесли Ајверкс, инаку членка на Академијата за доделување на Оскар и внука на првиот цртач на Мики Маус (исто така оскаровец!)…

Видете го новиот македонски филм низ чкрапалото на единствениот Самир Љума. Бујрум!

Се гледаме на официјалното отворање на фестивалот во четврток, 8 ноември во 20 часот во МКЦ!