ИЗЕР АЛИУ

ИЗЕР АЛИУ

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на СинеБалкан
1991 0
ИЗЕР АЛИУ

Изер Алиу е режисер и сценарист, Албанец роден во Македонија, израснат во Шведска и државјанин на Норвешка. Откако дипломира на Норвешката школа за филмски уметности во Лилехамер во 2012 г., има снимано филмови на разни места во светот, но базата отсекогаш му била во Осло. Со неговиот дипломски филм „Чуварот на планината“ се најде на листата на топ 10 најперспективни нордиски режисери. Беше номиниран за Студентски оскар и има освоено неколку престижни национални и меѓународни награди. По дипломирањето, започна со снимањето на неговиот прв игран филм „Ловец на муви“ во Македонија, и краткометражниот „Добриот живот – таму“, сместен во урбаната средина на Осло. Неговиот најнов филм „12 подвизи“ е шведско-норвешка копродукција.