ИНТИ ШРАЈ

ИНТИ ШРАЈ

ноември 1, 2018
во Категорија: cinedays2018, Жири на СинеБалкан
1853 0
ИНТИ ШРАЈ

Инти Шрај е словенечко-француска актерка и изведувач. Има завршено Конзервација и реставрација на уметнички дела на Академијата за ликовна уметност во Љубљана и глума на Школата за аудиовизуелни уметности EICAR во Париз. Во нејзината потреба за изразување, успешно варира помеѓу визуелни уметности, популарни филмови и настапи. Актерската кариера ја запачнала преку физичкиот театар, била дел од Танцовата академија „Номад“, има глумено во филмови и повеќе тв-серии и сега соработува со уметничкиот колектив Хупа Брајдич. Нејзини најзначајни филмски улоги се: Весна во „Последното поглавје” на Немања Бечановиќ, Тереза во „До балчак“ на Столе Попов и Барбара „Комик Санс“ на Невио Марасовиќ.