ФИЛМ - изложба на фотографии од Самир Љума

ФИЛМ – изложба на фотографии од Самир Љума

ноември 8, 2018
во Категорија: 8.11. (четврток), cinedays2018, Придружна Програма
1956 0
ФИЛМ – изложба на фотографии од Самир Љума
8-18.11. | 20:00 | МКЦ

Дојде CINEDAYS и Самир е тука.

Ако има еден човек што требаше да го обедини филмскиот свет оваа година, тоа e Самир! И фала богу – се случува токму тоа. Има правда и има мир, барем за македоснките филмски работници. Конечно, се најде еден лик (а да не е светлаџија), кој бил присутен на снимањата на повеќето понови македонски филмови за да ги овековечи во една изложба – „ФИЛМ“, и тоа модерен, па и македонски.

Самир е наш чоек, од Тетово. Пред многу години запишал некоја таму школа за филм во отсекот за фотографија и во меѓувреме успеал да се снајде и да работи на скоро сите битни, па и небитни продукции во државава.

Првата работа му е волонтерска. Но, пусти ќеиф – се фатил за апаратот и штракнал фотка. Тоа е сега фотката за постерот за „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. И тоа му е прва од низа фотки од снимања каде што работел ангажмани од волонтер, до асистент на камера, до клапер, до директор на фотографија, до продуцент, па сега веќе и до извршен продуцент.

Работел во Еквадор со Кирил Поп Христов, и во Македонија со Лесли Ајверкс, инаку членка на Академијата за доделување на Оскар и внука на првиот цртач на Мики Маус (исто така оскаровец!)…

Од номад, до продуцент што патува таму каде што го носи занаетот, па и среќата; Од снимања на локални егоцентрици без иднина, до добитници на највисои признанија, па и до VICE New York со Action Bronson и со Dua Lipa за “Fuck That’s Delicious” – Самир Љума е наш чоек… И тука е годинава (за идната година не гарантираме).

Видете го новиот македонски филм низ чкрапалото на единствениот Самир Љума. Бујрум!