Некои од главните кандидати за европски оскари, на CINEDAYS 2017

Некои од главните кандидати за европски оскари, на CINEDAYS 2017

ноември 7, 2017
во Категорија: cinedays2017, Вести
1472 1
Некои од главните кандидати за европски оскари, на CINEDAYS 2017

Објавени се кандидатите за овогодишните европски оскари. Пред да бидат прогласени најдобрите во Европа, скопската публика ќе има можност да погледне некои од нив:

Во конкуренција за најдобар филм е БЕЗ ЉУБОВ на Андреј Звјагинцев, ДРУГАТА СТРАНА НА НАДЕЖТА на Аки Каурисмаки, победникот на Канскиот филмски фестивал КВАДРАТОТ.

За најдобра режија покрај Аки Каурисмаки и Андреј Звјагинцев номинирани се и Јоргос Лантимос за УБИСТВОТО НА СВЕТИОТ ЕЛЕН и Рубен Остлунд за КВАДРАТОТ.

За најдобри актери конкурираат Клес Банг (КВАДРАТОТ), Колин Фарел (УБИСТВОТО НА СВЕТИОТ ЕЛЕН), како и Жан-Луј Трентињан и Изабел Ипер (СРЕЌЕН КРАЈ).

Ова е само почеток. CINEDAYS 2017 допрва почнува.