ДЕЈВИД ЛИНЧ: ЖИВОТОТ НА ЕДЕН УМЕТНИК

ДЕЈВИД ЛИНЧ: ЖИВОТОТ НА ЕДЕН УМЕТНИК

ноември 18, 2017
во Категорија: 18.11. (сабота), CINEDAYS+, cinedays2017
2571 12
ДЕЈВИД ЛИНЧ: ЖИВОТОТ НА ЕДЕН УМЕТНИК

DAVID LYNCH: THE ART LIFE
Jon Nguyen

18. 11. | 21:00 | кино Фросина

Времетраење / Runtime: 88’
Држава / Country: САД, Данска / USA, Denmark
Јазик / Language: Англиски / English

Режија / Director: Jon Nguyen
Продуцент / Produced by: Jon Nguyen, Sabrina S. Sutherland, Jason S.
Музика / Music by: Jonatan Bengta
Продукција / Production Company: Absurda, Duck Diver Films, Hideout Films, Kong Gulerod Film
Кинематограф / Cinematography by: Jason S.
Монтажа / Film Editing by: Olivia Neergaard-Holm
Улоги / Cast: David Lynch

Дејвид Линч нѐ води на едно интимно патување низ формативните години од неговиот живот. Од неговото идилично детство во мало американско гратче до мрачните улици на Филаделфија, го следиме Линч додека ни ги прикажува настаните што му помогнале да се оформи како еден од најенигматичните филмски режисери. „Дејвид Линч: Животот на еден уметник“ нѐ воведува во уметноста, музиката и раните филмови на Линч, ги осветлува мрачните ќошиња на неговиот уникатен свет и на публиката ѝ овозможува подобро да го разбере Линч како човек и како уметник. Како што вели и самиот Линч: „Мислам дека секој пат кога ќе направите нешто, ќе насликате слика или што било, почнувате со идеи, но понекогаш минатото може да ги маѓепса тие идеи и да ги обои, и дури и ако идеите се нови, минатото ги обојува“.

Фестивали и награди / Festivals and awards:
Master of Art Film Festival – Best documentary in Fine Art and Photography; Venice Film Festival; Paris International Film Festival; Karlovy Vary International Film Festival