ДАРИЈА АНДОВСКА

ДАРИЈА АНДОВСКА

ДАРИЈА АНДОВСКА

Дарија Андовска дипломирала композиција во Скопје, магистрирала современа и филмска музика на ZHdK во Цирих, Швајцарија, а моментално е на докторски студии во класата на Каја Черновин на Харвард Институтот, во САД. Авторка е на камерна, соло, оркестарска, симфониска и хорска музика, музика за филм, театар, танц и мултимедијални проекти.

Нејзините дела се изведени во Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Кина, Данска, Англија, Франција, Германија, Грузија, Грција, Италија, Ирска, Македонија, Мексико, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Турција, Украина, САД. Има победено на бројни натпревари, номинирана е и наградувана за филмска и театарска музика низ целиот свет, а дел е и од светските антологии во различни области. За неа има објавувано во Италија, Швајцарија, Германија, Србија, Македонија. Избрана од страна на „MusMA – Music Masters on Air“ како еден од најдобрите млади композитори во Европа за 2013/2014 година. Номинирана во 2014, а наградена во 2013 и 2015 година со награда „Виртуози“ за најдобар композитор во Македонија. Добитничка е на наградата „Истакнат уметник на Град Цирих – Композитор“ за 2014 година. Македонски амбасадор за музика за проектот CEEC 16 + 1 2016/2017 и 2018/2019. Наградена со државната награда „Панче Пешев“ во 2018 година за највисоки достигнувања во музичката уметност.