CON-FRONT

16-11-2019
in Category: Придружна Програма
CON-FRONT

CON-FRONT


16.11. 20:00 кино Фросина

CON-FRONT е реализиран од страна на млад привремен меѓународен колектив, артистичка креација каде што совршено се вклопуваат минатото и сегашноста. CON-FRONT ја обединува Западна Европа со Балканот. Колективната европска приказна за Првата светска војна се толкува на современ аудио-визуелен начин. Големата војна беснееше низ целиот европски континент. Ги наоѓаме истите повредени пејзажи секаде долж линиите на фронтот, сите населени со луѓе и нивните приказни.

Војни постојат уште од памтивек. Историјата се повторува, што честопати доведува до тажни и необични коинциденции. CON-FRONT користи музика и слики за да ја раскаже универзалната и меѓународната приказна на граѓаните, кои се погодени од конфликтот и принудени да ја напуштат родната земја. За време на престојот во различните места, осумте уметници беа инспирирани не само од приказните на воениот фронт што ја пресекол Европа од Исток кон Запад пред 100 години, туку и од Втората светска војна, Балканските војни и тековната бегалска криза која сè уште ја мачи Европа.

Под палката на Белгиецот Матајс Бертел (Ansatz der Maschine), осум млади белгиски, француски, словенечки и македонски поп и рок музичари и визуелни уметници создадоа дела во кои музиката и сликите се неразделиво поврзани. Разните емоции што го придружуваат бегството од конфликтот се истражени во десет движења. Историски материјали буквално влегуваат во делата. CON-FRONT суптилно испреплетува снимки од фронтот, архивски материјали, анимација и видео во една прекрасна целина, чија музика може да биде етикетирана како пост-рок, електронска, неокласична и филмска.

CON-FRONT е и прекуграничен и пионерски. Границите исчезнуваат, жанровите се стопуваат, индивидуалните приказни од минатото и сегашноста се кристализираат во една болна универзална реалност. Историјата и понатаму немилосрдно крчка, тоа што беше навидум исчезнато засекогаш, може повторно да стане важно тековно прашање.

CON-FRONT е копродукција на Le Grand Mix (Франција), Muziekclub 4AD (Белгија), Walk of Peace Foundation (Словенија) и МКЦ (Северна Македонија), и е поддржана од програмата Креативна Европа во рамките на Европската година на културното наследство 2018 година.

CON-FRONT се:

Уметнички директор
Матајс Бертел (BE) 

Музичари
Мартина Баракоска (MK)
Јоана Ристеска (MK)
Коен Квинтин (BE)
NUMeROBe (FR)
Само Вовк (SI) 

Визуелни уметници
Ајлин Рејнс (BE)
Луп Бластер (FR)
Нели Мараж (SI)