CINEindustry Film Market

CINEindustry Film Market

ноември 16, 2018
во Категорија: 16.11. (петок), 17.11. (сабота), cinedays2018, Придружна Програма
2168 0
CINEindustry Film Market
16. 11. | 13:00 | МКЦ
17. 11. | 11:00 | МКЦ

Филмските пазари се еден од најважните делови на секој меѓународен филмски фестивал. Почнувајќи од таа основа, го претставуваме Првиот CINEIndustry филмски пазар. Земајќи ги предвид променливата економија и динамиката на филмската сфера, првите денови ги посветуваме на филмската дистрибуција. Би сакале да ги наречеме полигон за обука за продажба и дистрибуција на филмови од Југоисточна Европа со фокус на остварување светска дистрибуција. Целта на настанот е да ја инспирира публиката да побара нови можности за дистрибуција и да ги преиспита начините на кои се дистрибуираат филмовите, за да се напредува. Настанот ќе создаде иницијални дијалози и врски помеѓу филмаџиите и дистрибутерите, продажните агенти, VoD платформите и разните играчи и поддржувачи од други средини.
Дводневниот настан е поделен на панел дискусија и пичинг сесии, кои нудат можност за размена на знаењата и интердисциплинарно воспоставување деловни контакти.
Имате пасија за раскажување приказни и сте направиле филм. И што сега? Некои филмаџии се надеваат да го продадат нивниот филм на дистрибутер или студио или на поголем филмски фестивал. Некои филмаџии се опседнати со прикачување на нивните филмови на онлајн стриминг платформи. Дали едниот пристап е подобар од другиот?
Водена од страна на инспиративни говорници, панел дискусијата ќе им се обрати на филмаџиите, кои ги интересира како технологијата ја обликува иднината на филмската дистрибуција и комерцијална исплатливост на еден филм. На пичинг сесијата ќе се претстави избор од приближно 5 проекта, кои во моментов се во последната фаза на пост-продукција или финализирани во тековната година, но немаат дистрибутери или продажни агенти што би ја помогнале нивната меѓународна видливост и би воспоставиле врски за дистрибуција на нивните проекти. Целта е да се откријат добри проекти од регионот и да се поттикне соработка во областа на дистрибуцијата.
Жирито составено од филмски професионалци ќе го награди најдобриот проект, кој ќе биде фаворизиран за онлајн дистрибуција.
Преку откривање нови форми на соработка помеѓу полињата, учесниците ќе бидат поттикнати да го преиспитаат начинот на кој аудиовизуелните продукти се дистрибуираат и презентираат пред потрошувачот, во модерниот бизнис на филмски права, кој постојано се развива.