CINEDAYS НАГРАДИ

CINEDAYS НАГРАДИ

ноември 21, 2017
во Категорија: cinedays2017, Вести
1800 2
CINEDAYS НАГРАДИ

На затворањето на овогодишниот CINEDAYS, доделени се фстивалските награди награди.

За наградите од официјалната конкуренција одлучуваат: Семих Каплаоглу, Марија Драндаки и Евгенија Тидартова.
Наградата „Златна ѕвезда“ за најдобар филм во официјалната селекција ја доби исландскиот „Срце од камен“ од Гудмундур Арнар Гудмундсон. Жирито образложи:
-За искрениот и длабок опис на проблемите со кои се соочуваат тинејџерите растејќи, за сексуалната конфузија и за откривањето на вистинската природа на нештата, како и за создавањето на реалистична атмосфера за животот во мало и отсечено село далеку на Северот”:
„Сребрена ѕвезда“ за најдобра режија доби Ѓерѓ Кристоф за филмот „Надвор“ од Словачка.
„За креирањето на реална слика за денешниот живот во Источна Европа со сите негови комплицирани проблеми, надежта и сништата на луѓето, љубопитните ликови, чудните настани и интересниот лик во средиштето“.

„Сина ѕвезда“, пак, за најдобро сценарио добија Вангелис Мурикис, Јанис Сакаридис и Јанис Цирбас за филмот „Плоштад Америка” од Грција:
„За силната приказна за моменталните интереси што ги поврзуваат необичните карактери и драматични настани во животот на луѓето со различни менталитети и спротивставени погледи на проблемите со имиграцијата“.

Филмот „Зора“ од Гентиан Кочи е прогласен за најдобар филм на натпреварувачката селекција „Синебалкан“: „За храброста на дебитантот режисер да го изрази потиснатото постоење на мајка која потфрлува во животот“.

Специјално признание добија актерите од филмот „Трамполина“ на Катарина Зринка Матијевиќ, заради совршената хемија помеѓу актерите, а особено за изведбата на Франка Миколачи, што ја игра Лина. Наградите ги избраа: актерот Велибор Топиќ, Ник Џелилај од Албанија и Павлина Желева, филмски критичар од Бугарија.