ЧАЛГИИ МЕРАК

11-11-2019
in Category: cinEmusic
ЧАЛГИИ МЕРАК

ЧАЛГИИ МЕРАК

11.11. 23:00 МКЦ

Чалгиската тајфа Чалгии Мерак е една од ретките преостанати музички групи од овој вид во Македонија.  Групата го има зачувано оригиналниот изглед, инструментариум и начинот на изведба, исто како и некогашните чалгии, кои во минатото ја негувале ориенталната интерпретација на народната музика во градските средини.  Чалгии Мерак се составени од музичари, кои освен формалното музичко образование, се познавачи и љубители на народното македонско музичко творештво.  Групата во последните три години, од кога постои во овој состав, има одржано концерти во повеќе градови низ Македонија, гостувала на концерти на културно уметнички друштва, а често може да се сретне во градските кафеани, но и како музичка придружба на голем број приватни забави и прослави. Чалгии Мерак ги сочинуваат чалгаџиите Иван Божиновски на ќемане (виолина), Оливер Настовски-Батка на ут или на џумбуш, Филип Михајлоски на канон, Шериф Мустафа на тарабука и Анастасиос Иоану-Тасо на грнета (кларинет).