Category Archives: Официјална селекција

СУРОВ РЕЗ

СУРОВ РЕЗ

LOVE CUTS
Kosta Djordjevic

Пеколно топол августовски ден на улиците на Белград. Самоуверената тинејџерка Аја раскинува со момчето по стоти пат. Малку подоцна, додека седи со пријателите, група локални деца ќе почнат да ја задеваат и ќе ја прободат со нож...
ДАНСКИ СИНОВИ

ДАНСКИ СИНОВИ

SONS OF DENMARK
Ulaa Salim

Една година по големиот бомбашки напад во Копенхаген, радикализацијата во земјата е зголемена, а етничките односи заострени. Се ближат парламентарните избори и лидерот на екстремната националистичка партија Мартин Нордал е на пат да извојува голема победа...
ДУШИЧКА

ДУШИЧКА

PAPICHA
Mounia Meddour

Алжир, деведесеттите години на минатиот век. Неџма, осумнаесетгодишна студентка со страст за моден дизајн одбива да дозволи трагичните настани од Алжирската граѓанска војна да ја попречат во секојдневниот живот и ноќните излегувања со нејзината другарка Васила...
ДЕВА

ДЕВА

DEVA
Petra Szоcs

Во малото романско гратче Дева, Като, тинејџерка што живее во сиропиталиште, ја удира струја додека си ја суши косата. Оваа навидум банална случка сосема ги менува нештата околу неа...
ОРАЈ

ОРАЈ

ORAY
Mehmet Akif Buyukataley

Орај се труди да биде подобар човек, но го измачува мрачното минато. Сонот да биде добар муслиман и совршен татко одеднаш се руши по една кавга со сопругата. Орај оди во Келн, каде што се обидува одново да си го изгради животот во нова муслиманска заедница...
СО ОСТАР НОЖ

СО ОСТАР НОЖ

BY A SHARP KNIFE
Teodor Kuhn

Четири лица се обвинети за убиството, но ќе бидат ослободени благодарение на лош судски процес. Решен да ја открие вистината, таткото влегува во неправедна борба со пасивните полициски сили, корумпираното судство и владејачката мафија...
ЛИЛИЈАН

ЛИЛИЈАН

LILLIAN
Andreas Horvath

Лилијан, емигрантка во Њујорк на која ѝ истекува визата, решава да се врати пеш до родната Русија. Решително тргнува на долгото патување. Патувачки филм низ цела САД до студените температури на Алјаска. Хроника за едно бавно исчезнување...
СИРОПИТАЛИШТЕТО

СИРОПИТАЛИШТЕТО

THE ORPHANAGE
Shahrbanoo Sadat

Во доцните осумдесетти години на минатиот век, петнаесетгодишниот Кодрат живее на улиците на Кабул и продава кинобилети на црно. Голем обожавател на Боливуд е и секојдневно се замислува себеси во некои од неговите омилени филмски сцени.