Category Archives: Гала премиери

ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА

ЗЛАТНАТА РАКАВИЦА

THE GOLDEN GLOVE
Fatih Akin

Областа Сент Паули во Хамбург во седумдесеттите години на минатиот век е населба позната по ноќниот живот и нејзините ноќни фигури: пијаници и проститутки, коцкари и разни други осамени души...
КУБАНСКАТА ПЕТОРКА

КУБАНСКАТА ПЕТОРКА

WASP NETWORK
Olivier Assayas

Хавана, декември 1990 година. Рене Гонзалес, кубански пилот, краде авион и бега од земјата, оставајќи ги зад себе саканата сопруга и ќерката. Тој започнува нов живот во Мајами, а набрзо му се придружуваат други кубански дисиденти, и сите заедно работат кон дестабилизација на режимот на Кастро...
МИЛОСТ БОЖЈА

МИЛОСТ БОЖЈА

BY THE GRACE OF GOD
Francois Ozon

Александре живее со сопругата и децата во Лион. Еден ден случајно открива дека свештеникот што го злоупотребувал како момче, сѐ уште работи со млади луѓе. Одамна потиснатите сеќавања излегуваат на површина...
ЖАЛ НИ Е ШТО ВЕ ПРОПУШТИВМЕ

ЖАЛ НИ Е ШТО ВЕ ПРОПУШТИВМЕ

SORRY WE MISSED YOU
Ken Loach

Рики и неговото семејство мачат мака со долгови уште од финансиската криза од 2008 година. Одеднаш му излегува нова можност за независност со блескаво ново комби и шанса да води франшиза како самовработен доставувач...
ПАРАЗИТ

ПАРАЗИТ

PARASITE
Bong Joon-ho

Четиричленото семејство на Ки-таек е блиско, но сите се невработени, со нејасна иднина пред себе. Синот Ки-ву е препорачан од негов пријател, студент на престижен факултет, да држи часови, работа што е добро платена и која создава надеж за редовни примања...
ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА

ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА

THE HAPPINESS EFFECT
Borjan Zafirovski

„Ефектот на среќа“ е урбана драма за универзалната потрага по среќа и смислата на животот. Филмот ја раскажува приказната за Леа, млада девојка, која се бори за своето здравје...