Anna O & YÖU

Anna O & YÖU

ноември 14, 2018
во Категорија: 14.11. (среда), cinedays2018, cinEmusic
3693 13
Anna O & YÖU

14. 11. | 23:00 | МКЦ Скопје

Македонска панкрок/емо вечер на Cinedays Festival of European Film.
Концерт на ANNA O и YÖU!
Билети по цена од 200 денари преку продажната мрежа на MkTickets или на Билетарница МКЦ.

Anna O.
Кочанско трио кое музички варира од меланхолично болни погледи до испакнати вени од агресија.
Чиста експресија која не нуди решение или излез од калта, но неуморно потсеќа дека е гадна и дека смрди.
Овој концерт воедно ќе биде и концертна промоција на нивниот нов албум „Гробот на еден робот“.

YÖU се емо / пост – хардкор тројка од Скопје подготвенa да ја плукнe повторно својата душа на сцена.
YÖU се: Марко Крстевски, Тејка Васиљевиќ и Ерик Омерагиќ.